За нас

Се наоѓаме на 150 метри од брегот на Охридското езеро и на 1 километар од центарот на Охрид, градот со богато природно, културно и историско наследтсво. Исто така и аеродромот Св. Апостол Павле се наоѓа на оддалеченост од 11 километри.

Овој хотел има просторни и пријатни соби со балкони, бесплатен интернет, сите се опремени со кабловска телевизија, климатизирани, имаат фрижидери и фен за сушење во бањата. Секојдневно се чисти и одржува хигиената.

Појадокот се сервира во ресторанот на горниот спрат, од каде што има прекрасен поглед на градот. На приземјето се наоѓа бар со убава тераса, продавница за сувенири, а можете да закажете салон за убавина, масажи и сауна. Хотелот има лифт каде што може да се пренесуваат лица со инвалидска количка, но собите не се специјално опремени за лица со инвалидитет. Достапен е слободен паркинг. Има понуда на екскурзии и тури со автомолбили и велосипеди.